Достапни линкови

Ердоган најави крупни реформи за човековите права


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска го соопшти долго очекуваниот пакет реформи за унапредување на човековите права. На прес конференција во Анкара, Ердоган оцени дека станува збор за историски момент. Со реформите, меѓу другото, е предвидено да може да се изведува настава во приватните училишта и на друг јазик, освен турскиот, намалување на цезусот потребен за влез на некоја партија во парламентот, како и укинување на забраната за носење фереџе во државните институции.
XS
SM
MD
LG