Достапни линкови

Решение за името - блиску, а сепак далеку


Обраќање на премиерот Никола Груевски во ОН.

Обраќање на премиерот Никола Груевски во ОН.

Медијаторот Метју Нимиц, според изјавата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН, наскоро ќе ги свика на нова средба преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Во меѓувреме по пораките на двете страни во ОН, упатените со различни ставови за тоа дали станува збор за ново одолговлекување или за срамежливо отворање простор за компромис.

Оддалечување од решение или срамежливо отворање на простор за наоѓање компромис за спорот за името. Домашните аналитичари со различен став за можниот расплет на спорот за името по говорите на премиерот Никола Груевски и на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Доколку успееме да обезбедиме соодветни партнери кои ќе нè поддржат во ЕУ и во Европската комисија повеќе да се дискутира за ова, можеби и тие да дадат свој посредник во спорот, а тој да се одвлече од ОН, веројатно ќе има некаков напредок. Сè додека сме во рамките на ОН под прислила на, да речам, млакиот посредник, не верувам дека ќе има напредок во спорот.

Премиерот Груевски рече дека македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, додека Венизелос ги повтори грчките позиции за сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Министерот за надворешни работи Никола Попоски по средбата со Венизелос во Њујорк рече дека во однос на спорот за името, меѓу Македонија и Грција има „планини“. Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, пак, вчера рече дека постои напредок во преговорите околу спорот за името и оти идентитетот веќе не е на дневен ред.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина на 2 септември 2013 година.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина на 2 септември 2013 година.


Универзитетскиот професор Никола Дујовски вели дека според кажаното во ОН се покажува дека Грција не е подготвена сериозно да разговара за решавање на спорот. Решението не треба да се бара во ОН, вели тој.
Веќе е прашање на дипломатија, на проценки, на интервенции, на влијанија со коишто можеби со една друга друга влада во Атина би се нашла одредена компромисна формула, некоја полесна компромисна формула, така што повторно влегуваме во една фаза на полуизвесност дали од една страна Атина ќе попушти и дали Република Македонија со ова раководство ќе успее да направи нешто на дипломатски план.

„Добра е медијацијата на ОН, но проблемот е нашето интегрирање во ЕУ. Доколку успееме да обезбедиме соодветни партнери кои ќе нè поддржат во ЕУ и во Европската комисија повеќе да се дискутира за ова, можеби и тие да дадат свој посредник во спорот, а тој да се одвлече од ОН, веројатно ќе има некаков напредок. Сè додека сме во рамките на ОН под прислила на, да речам, млакиот посредник, не верувам дека ќе има напредок во спорот“, вели Дујовски.

Дел од аналитичарите спорат со таа теза, објаснувајќи дека не е добро спорот да се префрли од ОН во ЕУ, затоа што позицијата на Грција во Унијата е многу посилна. Дујовски, пак, вели дека затоа Македонија треба да бара сојузници меѓу големите европски земји коишто се неутрални во однос на спорот, како што се Германија или Велика Британија и коишто може да извршат притисок врз Грција.

Поранешниот дипломат Нано Ружин, пак, вели дека е оставен полуотворен простор за наоѓање решение.

„Веќе е прашање на дипломатија, на проценки, на интервенции, на влијанија со коишто можеби со една друга друга влада во Атина би се нашла одредена компромисна формула, некоја полесна компромисна формула, така што повторно влегуваме во една фаза на полуизвесност дали од една страна Атина ќе попушти и дали Република Македонија со ова раководство ќе успее да направи нешто на дипломатски план“, вели Ружин.

На нашето прашање дали смета дека владата на грчкиот премиер Андонис Самарас не може да го реши спорот за името, па затоа вели дека треба да се преговара со друга грчка влада, Ружин вели дека ставовите на Самарас во однос на Македонија се многу тврди и оти е нејасно како би еволуирале.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG