Достапни линкови

Спорот за името не е замрзнат конфликт, оцени Попоски


Македонија покажа голема подготвеност да ги продолжи разговорите со Грција под покровителство на ОН со цел да се дојде до решение за спорот со името, но нема соговорник од другата страна, истакнал шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервју за турската агенција „Анадолија“.
Иако спорот трае многу долг период, според Попоски, сепак, не станува збор за „замрзнат конфликт“. Посочува дека македонската страна со повеќе чекори покажала дека сака да се дојде до компромис, оценувајќи ја ситуацијата како „горчливо-слатка“ со македонска победа во однос на правото, но од друга страна со блокада во евро и евроатлантската интеграција. Според него, во моментот е очигледно дека во Атина нема подготвеност за надминување на спорот, единственото нерешено прашање во грчко-македонските односи, кои надвор од таа слика, како што наведува, се навистина добри.
XS
SM
MD
LG