Достапни линкови

Средба Обама-Нетанјаху во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе остварат средба во Белата куќа. Според извештаите, Нетанјаху ќе се обиде да фрли сомнеж врз обидот на иранскиот претседател Хасан Рохани да ги затоплува односите со Западот и да ја намали загриженоста околу нуклеарната програма на Техеран. Нетанјаху изјави дека таканаречената шармантна офанзива на Иран е насочена кон купување на време за Техеран да може да продолжи да развива нуклеарно оружје.Се очекува Обама да го притисне Нетанјаху одредено време да ги тестираат намерите на Рохани и да го разубеди Израел да не спроведува санкции предвреме. Вчера иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги отфрли обвинувањата на Нетанјаху. Иран соопшти дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.
Зариф, исто така изјави дека Иран ќе ги отвори своите нуклеарни објекти за меѓународните инспектори, како дел од широите преговори со САД, но додаде дека Вашингтон и неговите сојузници мораат да се откажат од економски санкции, како дел од каков било договор.
XS
SM
MD
LG