Достапни линкови

logo-print

Позитивни сигнали по средбата Шариф-Синг


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Премиерите на Индија и Пакистан се согласија да се намали насилството по должината на линијата на контрола што го дели спорниот регион на Кашмир. Индиски официјални лица соопштија дека пакистанскиот премиер Наваз Шариф и индискиот Манмохан Синг си го ветиле ова на состанокот во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН. Индискиот советник за национална безбедност Шившанкар Менон соопшти дека Шариф исто така, ветил дека "ќе има акција" на казнување екстремисти кои се поврзани со терористички напад во Мумбаи во 2008 година во кој загинаа 166 луѓе. Синг, кој треба да се повлече од власт следната година, имаше минимални очекувања пред разговорите вчера, изјавувајќи дека "епицентар на терор и натаму останува Пакистан." Но Шариф изјави дека разговорите биле добра шанса за "нов почеток".
XS
SM
MD
LG