Достапни линкови

Насилства во Нигерија, над 40 деца мртви


Осомничени исламски милитанти во североисточна Нигерија нападнаа колеџ, пукале врз студенти кои спиеле во ученички домови и запалиле неколку училници. Здравствените претставници соопштија дека 40 студенти биле убиени, а петмина повредени во вчерашниот напад во руралната област Гујба. За нападот е обвинета екстремистичка група Боко Харам, a истиот се случи и покрај четиримесечната вонредна состојба која опфаќа три држави и една шестина од земјата.
Претседателот Гудлак Џонатан го осуди нападот, доведувајќи ги во прашање мотивите на Боко Харам, која сака да го наметне исламскиот закон во Нигерија.
Од 2009 година повеќе од 1.500 луѓе се убиени во насилството.
Претходно годинава, милитантите соопштија дека тие исто така, ќе одат по училиштата и универзитетите.
XS
SM
MD
LG