Достапни линкови

logo-print

Вучиќ:Не се исклучени предвремени парламeнтарни избори


Првиот вицепремиер во српската влада и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, изјави дека е можно оддржување предвремнени парламентарни избори во земјата доколку меѓу граѓаните има такво расположение, јавуваат српските медиуми.
-Сметам дека во овој момент не ни се неопходни предвремени парламентарни избори. Сметам дека волјата на народот е јасна. Но, ако во Србија постои таква атмосфера да не можете да работите и живеете затоа што сите други се многу поуспешни, со нашите коалициски партнери треба да разговараме и да видиме кое е најдоброто решение, изјави Вучиќ истакнувајќи дека сепак Србија има многу поголеми проблеми од изборите.
XS
SM
MD
LG