Достапни линкови

logo-print

Најмалку 12 мртви во најновиот напад во Сирија


Најмалку 12 лица, повеќето од нив ученици, се убиени во воздушниот напад кој погодил едно средно училиште во градот Рака во Сирија.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, соопшти дека бројката на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи некои луѓе се тешко повредени. Опозициските активисти со седиште во Рака, град со околу 250.000 луѓе, кој е под контрола на бунтовниците од март, објавија листа од 14 луѓе за кои сметаат дека се жртви на нападот врз училиштето. Според нив повеќе од 30 лица биле повредени. Воздушниот напад се случува во време на борби насекаде низ земјата, вклучувајќи го и предградието на Дамаск, каде што бунтовниците спровеле напад во текот на ноќта пришто загинале најмалку 19 владини борци.
XS
SM
MD
LG