Достапни линкови

Заврши потрагата по жртвите во Мумбаи


Заврши потрагата по преживеаните на местото на зградата која завчера се урна во главниот град на Индија, Мумбаи. Официјалните власти соопштија дека конечната бројка на загинати е 60 луѓе. Спасувачите успеале да спасат 33 луѓе од урнатините на зградата по дводневно пребарување. Локалниот командант на Националните сили за одговор при катастрофи сили, изјави дека сите 93 лица кои се воделе за исчезнати биле пронајдени, а пребарувањето е откажано. Причината за уривањето на петкатната зграда во Мумбаи се уште се истражува.
XS
SM
MD
LG