Достапни линкови

Ахмети во посета на Брисел, Париз и Хаг


Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од ЕУ на 16 октомври и Декемврискиот самит на Унијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе продолжи со комбинираните домашни и меѓународни напори за да го поттикне интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Како што информираат од ДУИ, следните 10 дена Ахмети ќе ги посети Брисел, Париз и Хаг, а со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и неговиот шеф на Кабинет Артан Груби.
Предвидено е во Брисел, Ахмети да се сретне со еврокомесарот за проширување на Унијата Штефан Филе, политичките советници на претседателот на ЕУ Ван Ромпуј, Едуард Кукан и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит. Посетата ќе продолжи во Париз каде, како што се соопштува, Ахмети ќе има можност да му се заблагодари на претседателот Оланд за неговите ставови во врска со спорот за името, но и да ја повика Франција уште поактивно да се вклучи во неговото решавање. Ахмети ќе ја посети и Холандија каде е предвидена средба со министерот за надворешни работи Франс Тимерман.
XS
SM
MD
LG