Достапни линкови

logo-print

Христос Папас самостојно се предаде во полиција


Пратеникот на крајнодесничарската грчка партија Златна зора, Христос Папас, по кога трагаше полицијата, самостојно се предал на властите. Папас, кој според обвинителството е еден од најистакнатите членови во Златна зора, денеска се предал самостојно во полициска станица во Атина. Исто како и останатите петмина пратеници на Златна зора, кои се во притвор, Папас ќе биде официјално обвинет за членство во криминална организација со цел за извршување на злосторства. Ова е прв случај од 1974 година во Грција да бидат уапсени активни пратеници во Парламентот.
XS
SM
MD
LG