Достапни линкови

Затвор за шиитските опозиционери во Бахреин


Судот во Бахреин денеска осуди 50 шиитски опозиционери на казна од 15 години затвор,прогласувајќи ги за виновни за формирање на илегална група која ги организирала насилните демонстрации во 2011 година.
Според наводите на судот, осудените ја формирале групата 14 февруари која преку социјалните мрежи ги организирала протестите против сунитската монархија. На 15 години затвор, во отсуство е осуден Хади Модареси, еден од водачите на шиитите во Бахреин. Тој е по потекло од Ирак, но долго живеел во Бахреин и за него се верува дека бил духовен лидер на движењето 14 февруари. Судот исто така одлучи останатите членови на оваа групација која е разбиена во јуни да бидат казнети со затворска казна од 5 до 15 години. Инаку повеќето население во Бахреин го сочинуваат шиитите, но на власт е сунитската династија.
XS
SM
MD
LG