Достапни линкови

Запален олимпискиот факел за 2014 година


Олимпискиот факел за зимските олимписки игри во Сочи 2014 година денеска беше запален во Олимпија, со што започна и неговото долго патување кон свеченото отворање следната година. Сочи ќе го добие факелот на 5 октомври, по што следува 123 дневно патување кое ќе го однесе во вселената, па на дното на Бајкалското Езеро и на Северниот Пол пред да пристигне во Сочи за церемонијата на отворањето на 7 февруари. Денеска олимпискиот пламен беше запален со користење на параболично огледало. На церемонијата присуствуваа новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах и шефот на организациониот комитет на Сочи, Дмитриј Чернишенко.
XS
SM
MD
LG