Достапни линкови

Претставничкиот дом го усвои предлогот и покрај заканите за вето


Претставничкиот дом во Американскиот конгрес во кој мнозинството го имаат Републиканците, денеска го усвои предлог законот со кој се наметнува одложување од една година на клучните елементи од реформите на здравствената заштита како и укинување на данокот на медицинските средства како услов да се избегне прекин на финансирањето на Владата во вторник.
Демократите на претседателот Барак Обама кои го имаат мнозинството во Сенатот, веќе порачаа дека ќе го отфрлат таквиот предлог закон за продолжување на привременото финансирање на Владата, а Белата куќа објави соопштение во кое најавува вето на таквиот документ.
Републиканците спроведуваат крута идеолошка програма и ја тераат Владата кон тоа да остане без средства кои и се потребни за да ги измири своите обврски, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Сенатот ќе се состане утре попладне, односно десет часа пред да истече рокот до кога мора да се усвои законот за привремено финансирање. По истекот на овој рок, доколку не биде усвоен законот, Владата нема да може да им исплатува плати на вработените во федералните служби и останатите обврски.
XS
SM
MD
LG