Достапни линкови

Во напад на американските сили убиени тројца милитанти во Пакистан


Пакистански официјални лица соопштија дека во ракетен напад на американските сили загинаа најмалку тројца милитанти во племенските области на Пакистан. Нападот се случил во близина на Мираншах, главниот град на Северен Вазиристан, еден од седумте племенски области по должината на границата со Авганистан. Пакистанските безбедносни сили соопштија дека американските сили испукале два проектила врз упориштето на милитантните.
Северен Вазиристан е упориште на пакистанските Талибанци и милитантите поврзани со Ал Каеда.До овој напад доаѓа само неколку дена откако во говорот на Генералното собрание на ОН премиерот Навац Шариф побара да прекинат таквите напади. Пакистан во неколку наврати протестираше против ранетните напади на беспилотните летала нарекувајќи ги повреда на нејзиниот суверенитет.
САД, меѓутоа, ги гледа како важна алатка во борбата против милитантите.
XS
SM
MD
LG