Достапни линкови

Одобрен договор за соработка меѓу Иран и Аргентина


Хектор Тимерман

Хектор Тимерман

Иран го одобрил договорот за соработка со Аргентина со цел да се испита бомбардирањето на Центарот на Еврејската заедница во Буенос Аирес во 1994 година. Судовите во јужноамериканската земја го обвинуваат Техеран за спонзорирање на бомбардирањето во кој загинаа 85 луѓе. Во извештајот на официјалната државна агенција на Аргентина се вели дека аргентинскиот министер за надворешни работи Хектор Тимерман и неговиот ирански колега Мохамед Зариф, се согласиле за заеднички почеток на разговорите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Телам го цитира Зариф кој рекол дека Иран "ќе ги почитува сите точки од договорот" со цел да се фрли светлина на бомбардирањето. Според Телам, двете земји ќе формираат истражни тимови кои ќе се сретнат во Женева во ноември за да продолжи истрагата. До овој развој на настаните доаѓа во време кога има знаци за затоплување на односите меѓу Иран и Западот.
XS
SM
MD
LG