Достапни линкови

Продолжува потрагата по жртвите од потонатиот брод кај Индонезија


Индонезиските власти соопштија дека постои мала надеж за наоѓање преживеани од бродот со баратели на азил кој потона во близина на брегот на Индонезија, оставајќи повеќе од 50 луѓе мртви или исчезнати.
Индонезиските и австралиските крајбрежни стражи ја продолжуваат потрагата по загинатите и исчезнатите во близина на островот Јава, но немирното море ја отежнува потрагата. Дваесет и едно лице се загинати, вклучувајќи и седум деца.
Само 28 лица беа пронајдени живи откако бродот коj пренесувал баратели на азил главно од Либан, Ирак и Иран, потона завчера на пат кон Австралија. Индонезиските официјални лица велат дека бројот на луѓето кои биле во бродот би можел да биде над 120.
XS
SM
MD
LG