Достапни линкови

Нетанјаху во официјална посета на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утрово замина за САД да ги убеди носителите на одлуки таму дека Иран не се променил со новиот претседател Хасан Рохани. Пред да се качи во неговиот авион во Тел Авив, Нетанјаху рече дека има намера "да ја каже вистината во лице, наспроти убавите зборови и шармантната офанзива на Иран". Претходно помирувачкиот говор на Рохани во Генералното собрание на ОН, Нетанјаху го оцени како "циничен" и "полн со лицемерство." Утре Нетанјаху ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, а потоа ќе се врати во Њујорк за да се обрати на Генералното собрание во вторник. Израел цврсто верува Иран тајно развива нуклеарно оружје. Иран ги негира обвиненијата, а во говорот пред ОН, Рохани рече дека нуклеарното оружје нема место во безбедносната и одбранбена доктрина на Иран.
XS
SM
MD
LG