Достапни линкови

Експлозија во Пакистан, најмалку 31 лице мртви


Најмалку 31 лице загинале, а десетици други се повредени во експлозија на бомба на пазар во северозападниот дел на Пакистан, соопштија официјалните власти. Експлозијата се случила на пазар во близина на полициска станица во градот Пешавар. Официјален претставник на полицијата изјави дека шест жени и две жени се меѓу загинатите. Полицијата истражува дали во нападот бил користен автомобил. Неделниот напад е трет голем напад што го погоди Пешавар во изминатата недела. Минатата недела, во двоен самоубиствен напад во црква загинаа 82 луѓе, предизвикувајќи протести од страна на христијанската заедница во Пакистан. Во петокот, бомба удри во автобус со вработените во владиниот сектор, при што загинаа 18 луѓе. Насилството доаѓа откако владата се обидува да ги отвори мировните преговори со пакистанските Талибанци.
XS
SM
MD
LG