Достапни линкови

Средба Шариф-Синг во Њујорк


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Премиерите на Индија и Пакистан ќе учествуваат на денешниот самит во Њујорк. Пакистанскиот премиер Наваз Шариф и неговиот индиски колега Манмохан Синг ќе се сретнат во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН. Тоа им е прва средба лице-в-лице по изборната победа на Шариф во мај, а може да биде меѓу последните зошто Синг треба да се повлече следната година. Шариф го нарече состанокот шанса за "нов почеток", но Синг има минимални очекувања од разговорите, кои се одвиваат во услови на пораст на милитантни напади во спорниот Кашмир. По средбата во Белата куќа со претседателот Барак Обама, Синг изјави дека епицентарот на теророт и натаму останува во Пакистан." Тој ја повтори истата порака вчера пред Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG