Достапни линкови

Лукшиќ: Иницијативата за Г6 не е формирање нова Југославија


Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ изјави дека неговата иницијатива за формирање „западнобалканска шесторка“ или Г6 не значи обновување на Југославија, што е погрешен концепт.
- Зборуваме за неформално обединување и соработка под надзор на Советот за регионална соработка во Сараево, што ќе ги координира и подготвува нашите земји за членство во ЕУ, објасни Лукшиќ.
Лукшиќ нагласи дека иницијативата не претставува обид за создавање нова Југославија, туку стратешки проект од заеднички интерес што ќе го забрза процесот на пристапување кон Европската унија. За време на 68. седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претставниците на балканските земји разговараа за Г6 иницијативата, што предизвика голем број реакции.
XS
SM
MD
LG