Достапни линкови

Сириските бунтовници ја завзедоа вoената база близу Јордан


По четиридневна борба, сириските бунтовници меѓу кои и припадници на групи поврзани со Ал Каеда денеска ја завзедоа воената база на границата со Јордан, соопшти опозициската опсерваторија за човекови права. Во борбите се убиени 26 војници, како и повеќемина бунтовници, меѓу кои и странци, наведе опсерваторијата со седиште во Велика Британија. Тој објект порано бил царина на границата со Јордан, но пред една година беше претворен во воена база. Таа се наоѓа во предградието на градот Дар, каде почна бунтот против режимот на Башар ал Асад во март во 2011 година.
Бунтовниците ја презедоа контролата над повеќе области на границата на Сирија со Јордан, Ирак, Турција и Либан.
XS
SM
MD
LG