Достапни линкови

logo-print

Најмалку четворица повредени при експлозија во Анкара


Најмалку четири лица се повредени при експлозија во фабрика за ракети во близина на Анкара, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Според првичните информации експлозијата во фабриката во градот Елмадаг се случила при уништување на отпадните материјали. Состојбата на двајца од повредените е сериозна, а истите се вработени во фабриката.
XS
SM
MD
LG