Достапни линкови

Различно добредојде за Рохани во Техеран


Иранскиот претседател Хасан Рохани пристигна на аеродромот во Техеран, а иранските медиуми соопштија дека стотици негови поддржувачи го пречекале на аеродромот. Покрај нив имало и околу 100 екстремисти кои извикувале "Смрт за Америка"и во знак на револт фрлале јајца и камења на неговиот автомобил.
Некои агенции јавија дека еден од демонстрантите ги фрлил своите чевли кон автомобилот, што се смета за длабоко навредлив гест во муслиманскиот свет.
За време на неговата посета на Генералното собрание на ОН во Њујорк Рохани покажа промена на позицијата за иранската нуклеарна програма, а вчера телефонски разговарал и со американскиот претседател Барак Обама. Обама изјави дека по разговорот со Рохани верува оти САД и Иран може да достигнат сеопфатно решение околу нуклеарната програма на Иран.
XS
SM
MD
LG