Достапни линкови

Продолжуваат меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата


Општина Струмица го има најголемиот тендерски скандал во Македонија, во вредност од 138.766.399 денари, обвинија денеска од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е вредноста на 29 јавни набавки кои досега и беа презентирани на јавноста, а ги доделил Зоран Заев и директорите кои тој ги поставува на фирми што се во директна фамилијарна и сопственичка поврзаност со нив, велат од оваа партија.
- Од СДСМ нема одговор на овој најголем тендерски скандал што се случил во Македонија. Нивната одбрана се сведе на измислување и креирање манипулации против лица од ВМРО-ДПМНЕ со цел да не замолчат. СДСМ се надеваше дека така работите ќе останат под тепих. Тоа ние никогаш нема да го дозволиме. Тоа не е начин на работа, изјави Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во писмената реакција, СДСМ повторно го поставија прашањето за непотизам во државниот врв и имотната состојба на шефот на контраразузнавањето Сашо Мијалков.
- Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови, прашуваат од најголемата опозициска партија.
XS
SM
MD
LG