Достапни линкови

Лета побара партиите да ги разјаснат ставовите во парламентот


Премиерот на Италија Енрико Лета

Италијанскиот премиер Енрико Лета побара од партиите во владината коалиција да го разјаснат својот став во парламентот веќе наредната недела, откако еден дел од поддржувачите на поранешниот премиер Силвио Берлускони ја блокираат работата на Владата. Тој соопшти дека бара да добие политичко и програмско разјаснување помеѓу силите во мнозинството во парламентот, односно левиот и десниот центар.
-Или ќе работиме за напредок на оваа земја во интерес на граѓаните или ќе ја запреме ваквата соработка, изјави Лета.
Италијанскиот премиер ја критикуваше заканата за оставка на парламентарниот блок Партија за слобода на Берлускони, која пак најавува протести поради гласањето на комисијата за Сенатот за забрана за Берлускони да биде сенатор откако во судски процес доби пресуда од година и половина поради затајување на данок.
XS
SM
MD
LG