Достапни линкови

По забраната за геј парада, засилени безбедносни мерки во Белград


Стотици полицајци се распоредени во Белград денеска, откако властите ја забранија Геј парадата на гордоста веќе трета година по ред. Полицијата со специјална опрема го опкружи паркот во центарот на Белград каде што парадата требаше да се одржи, како и главните објекти и клучните раскрсници. Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, вчера објави дека настанот ќе мора да биде откажан поради заканите за протести од страна на екстремно десничарските групи.Последната геј парадата во Србија во 2010 година заврши со насилство.Во својата реакција еврокомесарот за проширување Штефан Филе, вели дека одлуката да се забрани Парадата е за жалење и претставува пропуштена можност да се покаже почитување на основните права. Србија е кандидат за членство во ЕУ од средината на 2012 година. Белград се очекува да отвори разговори за пристапување со Брисел во јануари.
XS
SM
MD
LG