Достапни линкови

Спасени над 90 киднапирани деца во Кина


Повеќе од 90 деца и две жени во Кина биле спасени од киднапери кои планирале да ги продадат. Државните медиуми објавија дека 301 лица се уапсени во полициските рации во 11 провинции. Кина го слави успехот на интензивните разбивања на мрежата на киднапирања и продажба на деца и жени. Во 2011 година, полицијата соопшти дека спасила повеќе од 13.000 киднапирани деца и 23.000 жени во текот на изминатите две години. Традиционалната предност за момчиња, особено во руралните области како и строгата политика за имање само едно дете придонесоа за пораст на трговијата со жени и деца во последниве години.
XS
SM
MD
LG