Достапни линкови

Мировната четворка бара сериозност од Израел и Палестина


Блискоисточната четворка во мировните преговори ги повика Израелците и Палестинците да ја покажат својата сериозност во постигнувањето решение во следната година. Состанувајќи се на маргините на Генералното собрание на ОН, највисоките дипломати од Обединетите нации, САД, Русија и Европската унија се согласиле дека двете страни треба да ги преземат "сите можни чекори" за да се постигне успех во тековните преговори со посредство на Соединетите Држави. Четворката, исто така, ги повика партиите да се воздржат од какви било активности што ќе ја поткопаат довербата или ќе го прејудицираат исходот од разговорите. Последната рунда од мировните преговори започна оваа година. Мировниот посредник на ОН, Тони Блер изјави дека израелските и палестинските страни биле конструктивни кога станува збор за продолжување на преговорите.
XS
SM
MD
LG