Достапни линкови

Вучиќ: Хулиганите не ја победија државата!


Потпретседателот на српската Влада Алексабндар Вучиќ денеска изјави дека по повод откажувањето на геј парадата во Србија, хулиганите не ја победиле државата.
-Хулиганите не ја победија државата. Знаев дека ќе има такви коментари и се прашувам што ќе беше да се случеше некој да загине. Донесовме нјдобра одлука, во име на државата, а утре веројатно ќе биде поинаку, кога ќе има поголема толеранција, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека бил против одржување на парадата на гордоста и дека не се крие зад својата одлука. Рече дека ја разбира загриженоста на луѓето од Западот, бидејќи се работи за човекови права, но дека српската Влада донела одлука во интерес на граѓаните.
XS
SM
MD
LG