Достапни линкови

Авганистан e подготвен за повлекување на странските трупи


Авганистанскиот министер за надворешни работи Залмаи Расул изјави дека неговата земја е подготвена за повлекување на странските војници. Говорејќи за време на Генералното собрание на ОН, тој предупреди дека тероризмот и екстремизмот остануваат закана. Расул рече дека по повеќе од три децении на конфликт неговата земја е сега "прогресивна демократија во која функционираат државните институции" , а транзицијата по американските напади во 2001 година кога беа отстранети Талибанците од власт е скоро готова. Министерот за надворешни работи го истакна развојот на авганистанската армија и полиција, кои ќе бидат подготвени за финалното повлекување на странските војници закажано за во 2014 година. Расул додаде дека неговата влада исто така работи на мирни преговори и помирување со Талибанците.
XS
SM
MD
LG