Достапни линкови

Српските власти ја забранија геј парадата во Белград


Властите во Белград ja забранија геј парадата во српскиот главен град веќе трета година по ред поради закани за насилство од страна на десничарските групи. Премиерот Ивица Дачиќ, изјави дека државниот врв одлучил да го забрани овој настан, бидејќи се плаши од повторување на насилствата од 2010 година, кога повеќе од 100 луѓе беа повредени кога екстремистите ја нападнаа геј парадата во Белград, предизвикувајќи судири со полицијата.
Амбасадата на Соединетите Држави објави соопштение во кое вели дека е "многу разочарана" поради забраната, а еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека со овој чин се "пропушта можноста да се покаже почитување на основните човекови права."
XS
SM
MD
LG