Достапни линкови

logo-print

Нов земјотрес во Пакистан


Нов силен земјотрес го погоди веќе уништениот југозападен дел на Пакистан. Според првичните извештаи земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала , а неговиот епицентар е во областа Аваран во провинцијата Балочистан.Истата провинција беше погодена во вторникот со земјотрес со јачина од 7,7 степени во кој загинаа повеќе од 500 луѓе. Се уште нема информации за жртви или штети од најновиот земјотрес. Пакистанските власти се уште бараат начини да го олеснат протокот на стоки до оддалечените области на провинцијата погодени од земјотресот во вторникот, во услови на постојани напади од страна на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG