Достапни линкови

logo-print

Обама и Рохани: можен договор за нуклеарната програма


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека телефонски разговарал со иранскиот претседател Хасан Рохани. Ова е прв разговор помеѓу американски и ирански лидери во повеќе од 30 години. Обама изјави дека по разговорот со Рохани верува оти САД и Иран може да достигнат сеопфатно решение околу нуклеарната програма на Иран. Обама соопшти дека тој и Рохани поставиле тимови кои работат брзо на спроведување на договорот. Тој изјави дека Вашингтон ќе соработува со неговите сојузници, вклучувајќи го и Израел, кој смета дека иранското нуклеарно оружје е потенцијална закана за безбедноста. Иран во неколку наврати ги негираше обвинувањата од Западот дека тајно развива програма за нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG