Достапни линкови

logo-print

Уапсен лидерот на Златна зора


Грчката полиција соопшти дека лидерот на екстремно десничарската партија
Златна зора, Никос Михалолиакос е уапсен под обвинение дека формирал криминална организација. Полицијата соопшти дека налозите за апсење на уште пет пратеници, членови на Златна зора се издадени. Единицата за контратероризам во полицијата е во потрага по пратениците, а се очекуваат и уште апсења. До апсењата доаѓа неколку дена откако левичарскиот активист и познатиот рапер Павлос Фисас беше убиен од страна на член на Златна зора. Фаталното прободување на 34-годишниот хип хоп артист беше проследено со протести, а некои од нив и насилни. Во вторникот, најмалку 10.000 луѓе протестираа во Атина во анти-фашистички марш организиран од синдикатите и политичките партии. Партијата Златна зора освои 18 пратенички места на општите избори минатата година.
XS
SM
MD
LG