Достапни линкови

ЗНМ со осуда за продолжување на притворот за Кежаровски


Здружението на новинарите ја осуди одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд , кој по пети пат го продолжи притворот за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. Во писмената реакција е наведено дека постојаното продолжување на притворот прераснува во казна и дека со таа одлука на некој начин се навестува конечната пресуда со што се крши основното начело на правната држава дека „ секој е невин додека не се докаже спротивното“.
ЗНМ смета дека е зачудувачки фактот дека судот ги игнорира сите повици од домашните и меѓународните организации, кои се загрижени дека судот изрекува непропорционална мерка за целта што сака да ја постигне, со што се прекршува слободата на изразувањето, се заплашуваат новинарите и медиумите и се поттикнува самоцензура.
На почетокот на месецов ЗНМ до Министерството за правда достави Иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски за која, како што велат, се уште нема одговор.
XS
SM
MD
LG