Достапни линкови

Законот за абортус пред Уставен


Протест против Законот за абортус, јуни 2013.

Протест против Законот за абортус, јуни 2013.

Неколку невладини организации денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.

Невладините организации ХЕРА, Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници и професорката Каролина Ристова - Астеруд, денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.
А сето тоа наводно заради грижа за здравјето на жената и без речиси никакво право на правна, односно судска заштита. И не само што го правам тоа, не само што го нарушувам ова уставно право, туку заради грижа за здравјето на жената, го правам тоа и со повреда на физичкиот интегритет на жената, достоинството, нејзината приватност и серија други уставни права на жената.

Астеруд вели, да може законот да зборува би го кажал следното – „да јас не го спорам уставното право на жената да може сама да изврши прекин на бременоста, меѓутоа го оневозможувам и целосно го попречувам, по каприц на Министерот за здравство, односно извршната власт“.

„А сето тоа наводно заради грижа за здравјето на жената и без речиси никакво право на правна, односно судска заштита. И не само што го правам тоа, не само што го нарушувам ова уставно право, туку заради грижа за здравјето на жената, го правам тоа и со повреда на физичкиот интегритет на жената, достоинството, нејзината приватност и серија други уставни права на жената.“

Според неа врвното достигунуввање на законот е поништување на сите вредности на кои се темели современата македонска држава, односно принципот на рамноправност меѓу половите.

„Затоа што со целиот мој концепт овде, повторно заради грижа за здравјето и животот на жената, практично и го одземам граѓанскиот субјективитет и деловната способност на жената сама да ги носи здравствените одлуки и избори и на тој начин практично ја третирам како малолетна, како неспособна ментално самата да расудува.“

Иницијаторите и Астеруд изразија надеж дека Уставниот суд ќе ги прифати нивните аргументи.

„Се надеваме дека Уставниот суд ќе ја прифати таа аргументација, тоа се многу очигледни и солидни аргументи и дека ќе застанат во одбрана и на Уставот на Република Македонија, но уште повеќе, за нас најбитно, ќе ја одбранат уставната рамноправност на жените со мажите и уставното право на жената слободно да одлучува за раѓањето на децата.“

Пратениците по скратена постапка го усвоија законот пред два месеци и покрај протестите од невладините организации кои бараа да се повлече предлогот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG