Достапни линкови

Средба Венизелос - Кери, меѓу другото, и за името на Македонија


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Спорот за името на Македонија бил една од темите на синоќешната средба на грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк.
Грчкото МНР соопшти дека на средбата одржана на маргините на министерскиот состанок САД - ЕУ во рамките на 68. Генерално собрание на ОН, Венизелос го информирал Кери за позициите на Атина за прашањето за името, како и за последните случувања во врска со Кипарскиот проблем.
Повеќе детали од разговорите не се наведуваат.
XS
SM
MD
LG