Достапни линкови

Напад врз грчкиот весник „Прото тема“


Петнаесетина лица синоќа со камења ја нападнале зградата на грчкиот весник „Прото тема“ во Атина. Весникот често е обвинуван дека ги поддржува неонацистите осомничени за убиството на антифашистичкиот активист и рапер Павлос Фесас. Според полицијата, напаѓачите предизвикале само материјална штета на зградата и на неколку автомобили. Пред да побегнат тие расфрлале флаери во кои го обвинуваат весникот дека го поддржува фашизмот. Убиството на Фесас, од приврзаник на неонацистичката партија Златна зора, предизвика шок и жестоки реакции во Грција.
XS
SM
MD
LG