Достапни линкови

Груевски ќе говори на Генералното Собрание на ОН


Вечер во Њујорк, пред Генералното собрание на ОН, треба да се обрати претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, кој в сабота треба да се сретне и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Свое обраќање пред Генералното собрание денеска треба да има и грчкиот минситер за надворешни работи Евангелос Венизелос.Вчера министерот за надворешни работи Никола Попоски, по средбата со Венизелос, изјави дека Грција не е заинтересирана за решавање на спорот и меѓу ставовите на двете земји ‘има планини’. Венизелос, по средбата со Бан Ки-мун, изјави дека Грција инсистира Македонија да го смени името, и тоа да важи во сите употреби.
XS
SM
MD
LG