Достапни линкови

Постигнат договор за нацрт резолуцијата за Сирија


Петте постојани земји членки на Советот за Безбедност во ОН постигнаа согласност за резолуцијата со која се бара Сирија да ги уништи своите резерви на хемиско оружје.Агенциите јавуваат дека нацрт резолуцијата не вклучува директни насоки за санкции или воена акција,доколку Дамаск одбие да соработува со САД и Русија, околу постигнатиот договор за меѓународна контрола на уништувањето на хемиското оружје. Гласањето за резолицијата во Советот за Безбедност треба да се одржи денеска вечер.Сирија се согласи да го уништи хемиското оружје по заканите од САД за можна воена интрвенција.
XS
SM
MD
LG