Достапни линкови

Абас за конечен мировен договор со Израел


Палестинскиот претседател Махмуд Абас изајви дека тој ќе продолжи со разговорите со Израел со цел постигнување конечен мировен договор во наредните девет месеци. Абас нагласи дека палестинците ќе отфрлат секаков привремен или минлив договор што би можело да се одолговлекува. Абас уште еднаш повика Изрел да престане да гради еврејски населби како прв чекор кон постигнување мировен договор. Тој ова го кажа на Генералното собрание на ОН, прв пат како претставник на државата Палестина. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Израел и палестинците се согласиле да ги интензивираат мировните разговори.
XS
SM
MD
LG