Достапни линкови

logo-print

Шеќеринска и Милошоски - кој и штети на Македонија


Потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска како реакција на прес-конференцијата на Антониот Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека имиџот на државата и нејзините преговарачки позиции со Грција и нанесува тоа што над 120 дена има притворен новинар, нема слобода на медиумите и се ограничува слободата на изразување. Таа додаде дека најдобро се гледа кој е поголем патриот по тоа што ВМРО-ДПМНЕ во официјалните документи на ЕПП е примена под кратенката ПЈРМ, а СДСМ во Социјалистичка интернационала е примена како Социјалдемократски сојуз на Македонија. Она што и забележа Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Шекеринска е тоа што таа во интервјуто za Интерактив никаде не ја споменала пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
XS
SM
MD
LG