Достапни линкови

logo-print

Напади во индскиот дел на Кашмир - 10 загинати


Осомничени милитанти нападнаа полициска станица и касарна во индискиот дел на Кашмир, при што загинаа најмалку 10 лица. Медиумите објавија дека тројца милитанти облечени во индиски армиски униформи нападнале полициска станица во градот Ниранагар во близина на границата со Пакистан, при што загинаа четворица полицајци и двајца цивили. Тие потоа киднапираа камион со кој дошле до воена база каде што во престрелки загинаа четворица војници. Засега никој не ја презеде одговорноста. И Индија и Пакистан се во спор околу Кашмир. Премиерите на Индија и Пакистан треба да се состанат на Генералното собрание на ОН овој викенд.
XS
SM
MD
LG