Достапни линкови

logo-print

Притвор за активисти на Гринпис


Судот во рускиот град Мурманск денеска одреди двомесечен притвор за шестмина активисти на Гринпис. Станува збор за граѓани на Русија, Британија, Полска, Канада и Нов Зеланд кои биле меѓу 30 активисти приведени од руските власти откако тие во минатата недела протестираа против активностите за вадење нафта на Арктикот. Портпаролот на истражниот комитет Владимир Маркин во вторникот изјави дека сите активисти ќе одговораат за пиратство. Доколку бидат прогласени за виновни тие би можело да се соочат со 15 годишна затворска казна. Гринпис оцени дека ваквите обвинувања се фабрикувани.
XS
SM
MD
LG