Достапни линкови

Весниците го анализираат буџетот


Весниците анализираат на што ќе се трошат парите според новиот буџет за догодина, дел од нив го следат престојат на премиерот во САД, а не спласнува ниту медиумското препукување ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ.

Вечер и Дневник со крупни наслови го следат престојот на премиерот Груевски во САД, а Утрински критички се осврнува на тоа дека премиерот престојот по повод Генералното собрание на ОН повеќе го користи за лобирање за економијата, отколку за проблемот со Грција на местото што е токму вистинското за тоа.
Буџетот расте побрзо од економијата. Петорката што најмногу ќе троши следната година се министерствата за труд, образование, полиција, здравство и за одбрана.
Утрински весник.

„Македонија и Форбс заеднички ќе привлекуваат странски инвестиции“, гласи еден од насловите во Дневник, по потпишувањето договор за тоа со економскиот магазин во Њујорк, каде што присуствуваше премиерот. А ние, дома, во кафулиња и ресторани трошиме 100 милиони евра годишно, како што кажуваат статистиките на Државниот завод, што ги пренесува истиот весник..
Претседателот на САД Барак Обама и премиерот Никола Груевски со сопругите на приемот што го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на 68. Генерално собрание на ОН.
Претседателот на САД Барак Обама и премиерот Никола Груевски со сопругите на приемот што го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на 68. Генерално собрание на ОН.

Утрински во неколку броја по ред го анализира предлог новиот буџет за догодина. Па на прво место става дека „Буџетот расте побрзо од економијата“ и дека „Петорката што најмногу ќе троши следната година се министерствата за труд, образование, полиција, здравство и за одбрана“. Истиот весник објавува и дека министерството за финансии и она за транспорт и врски за реконструкции и за нови згради ќе потрошат 80 милиони евра од својот буџетски дел од колачот.
Државата ќе крпи буџетска дупка од 300 милиони евра во рекордно високиот буџет“ со нови задолжувања на домашниот и на странскиот пазар.
Нова Македонија.

Нова Македонија пишува дека „Државата ќе крпи буџетска дупка од 300 милиони евра во рекордно високиот буџет“ со нови задолжувања на домашниот и на странскиот пазар. Истиот весник забележува дека „Стотиците милиони евра вложени во земјоделски субвенции се доведени во прашање“, зашто најголем удел во порастот на БДП имаат секторите на градежништво и сообраќај, а секторот земјоделство заостанува.

Како шлаг на тортата, Утрински потсетува дека в година Македонија ќе треба да врати 177 милиони евра, а во 2015 - 443 милиони, исто така евра од странските кредити. А невработените повторно ќе се пребројуваат, зашто анкетните листови дадени во Агенцијата за вработување не соодветствувале со реалните податоци, објавува повторно Утрински.

Не спласнува и медиумското препукување ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ, поточно кампањата против Заев - се прозиваат едни други за криминал. Сите печатени медиуми објавуваат извадоци од прес конференциите на двете партии. И додека сè мириса на предвремени, сега парламентарни, ние , граѓаните сме полни со љубов: „Богот во Македонија“, како што го крсти Утрински црномурестиот кошаркар Мекејлеб, се чувствува како дома зашто тука луѓето му приоѓале кога се шета, кажувајќи му колку го сакаат.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG