Достапни линкови

Попоски и Филе разговарале за извештајот на ЕК


Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски синоќа во Њујорк се сретна со комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе. Од кабинетот на Попоски информираат дека на средбата се разговарало пред се за редовниот извештај на Европската Унија за Македонија и за напредокот на Македонија во целина. За денеска е најавено Попоски да се сретне со грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Инаку, утревечер премиерот Никола Груевски ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, а следниот ден ќе има средба и со генералниот секретар Бан Ки-мун.
XS
SM
MD
LG