Достапни линкови

logo-print

Расмусен: НАТО ќе остане на Косово додека е потребно


Андерс Фог Расмусен

Андерс Фог Расмусен

Меѓународните сили на НАТО ќе останат на Косово се додека тоа биде потребно и ќе помагаат во имплементацијата на Договорот меѓу Приштина и Белград, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен кој присуствува на 68-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Според него, мисијата на НАТО на Косово е успешна приказна, а сите страни во регионот го сметаат КФОР за непристрасен гарант на мирот и безбедноста. „Почнавме пред многу години со 50.000 војници, а сега имаме само 5.000, што го отсликува значителното подобрување на безбедносната состојба“, изјави Расмусен.
XS
SM
MD
LG