Достапни линкови

Сирија: Советот за безбедност е се поблиску до резолуција


Дипломатски извори велат дека светските сили се движат кон постигнување на договор за текстот на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН со која се бара од владата на Сирија да го уништи хемиското оружје. Делегацијата на Русија во ООН сепак вели дека до сега не е постигнат договор. Претходно месецов, Русија и САД се согласија околу договор кој ја повикува Сирија да го уништи сето свое хемиско оружје до средината на 2014 година.
XS
SM
MD
LG