Достапни линкови

Реакција на ВМРО ДПМНЕ по изјавата на Заев


Зоран Заев

Зоран Заев

„Ние немаме против која било фирма да добие јавна набавка во Струмица, но имаме против кога фирмите од неговата фамилија, спротивно на законските норми за спречување на судир на интереси и непотизам, добивале јавни набавки во општината во која тој е градоначалник“, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по денешната прес конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Оваа партија наведува дека се работи за десетина примери во кои фирмите од семејството Заеви добивале јавни набавки во Струмица. Претходно Заев изјави дека во последните 12 месеци, општината исплатила пари на повеќе од 400 фирми од кои околу 170 се сопственост на луѓе блиски на ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG